(ВИДЕО) Натпреварувач во „Гранд“ ја запроси девојката на големата сцена
Никола Стевановиќ од Ниш, учесник во популарното натпреварување „Ѕвездте на Гранд“, јавно ја запроси девојката на големата сцена.
Саша Поповиќ најпрвин ја поканил во студио девојката на Никола, Бојана, со зборовите „ова е само малку за жирито да здивне“, а потоа се случил прекрасен чин.
– Како се викаш? Ја праша Саша.
– Бојана, со Никола се забавувам веќе 5 години – рече таа.
– Долго, долго, долго размислував како и што ќе правам. Бидејќи сме заедно 5 години и чекаме бебе, решив да го направам ова – изјави Никола кому му се тресеа рацете и гласот.
Натпреварувачот потоа клекна и ја замоли Бојана да се омажи за него, а таа веднаш без размислување рече да.
Моментот можете даго видите на 47:00