(ФОТО) Пендаровски се туркаше со рака, со светски шампион во бодибилдинг

Од
Објавено на

Како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во Скопје претстојува Михал Крижанек од Словачка, светски шампион во бодибилдинг.
Неговиот претстој за средба го искористи и претседателот Стево Пендаровски, кој објави фотографии од посетата во кабинетот.
„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг, Михал Крижанек, од Словачка“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ во прилог на фотографијата каде тој и Крижанек се натпреваруваат во туркање со рака.
Словакот во Скопје е почесен гостин во рамки на меѓународен натпревар во бодибилдинг.
