Македонија

Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот Ванчо Михајлов, тој знаел дека Петков ќе дојде на отворање и дозволил негово регистрирање, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот Ванчо Михајлов, тој знаел дека Петков ќе дојде на отворање и дозволил негово регистрирање“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Власта дозволила регистрација на клубот Ванчо Михајлов.

Ковачевски и Османи знаеле и дозволиле Петков и целиот бугарски државен врв да дојде на отворање на клубот, и не реагирале однапред, туку по 3 дена, откако јавноста го осуди чинот, кој е најголем вид на провокација глумат загриженост и осудуваат.

Ако Ковачевски го мисли тоа што сега го кажува во однапред снимено видео, тој тоа требаше да го каже пред доаѓањето на Петков, но и да не дозволи отворање на клуб со такво име.

Ковачевски и СДСМ оставија целиот настан да помине, со надеж дека јавноста ќе премолчи.

Ковачевски наместо да се крие зад однапред снимени видеа да излезе пред јавноста и да каже дали и кога ќе побара гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја од меѓународната заедница, во очи на се поизразените тенденции на фашизам“.

На почеток