Шарл Мишел отпатува за Киев


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пристигна во Киев, каде во текот на денот ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мишел објави твит со фотографија од неговото пристигнување на железничката станица во Киев.
In Kyiv today.
In the heart of a free and democratic Europe. @ZelenskyyUa pic.twitter.com/7DxTeoxtMc
— Charles Michel (@eucopresident) April 20, 2022
„Денес во Киев, во срцето на слободна и демократска Европа“, напиша Шарл Мишел на Твитер. Извори во ЕУ велат дека Микел ќе биде примен од украинската министерка за европски и евроатлански интеграции Олга Стефанишина, а подоцна и од претседателот Володимир Зеленски.
Во последните недели, неколку лидери на ЕУ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го посетија Киев. Од безбедносни причини, посетата на Мишел не беше најавена.
