Свет

Експлозија во Кабул

Експлозија се случи во главниот град на Авганистан, Кабул, јави локалната агенција Амај њуз, наведувајќи дека засега нема извештаи за жртви или повредени.

Агенцијата наведува дека експлозијата се случила во близина на полициската станица.

Во извештајот се додава дека експлодирал автомобил-бомба.

Најмалку шест лица загинаа во вчерашните експлозии во близина на училишта во Кабул.

На почеток