Нови напади на Исламската држава: Загинаа 14 лица во Авганистан
Од
Објавено на
Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дејкунди, главно населена со Хазари, објавија локалните медиуми TOLO News.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матен Кани, синоќа го потврди инцидентот, но не даде повеќе детали.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.