Русија им ги укина акредитациите на шест британските дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа
Русија им ја укина акредитацијата на шест британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Службата за државна безбедност (ФСБ).
Како што соопшти ФСБ, акредитацијата на дипломатите била одземена бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.
„Врз основа на документи доставени од руската ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија ја укина акредитацијата на шестмина вработени во политичкиот оддел на британската амбасада во Москва, чии постапки открија знаци на разузнавачки и субверзивни работа“, се вели во соопштението.
ФСБ не ги откри имињата на британските дипломати.
Разузнавачката служба предупреди дека во иднина „доколку се откријат слични дејствија меѓу вработените во британската дипломатска мисија, руската ФСБ ќе бара предвремен прекин на нивните службени патувања во Русија“.