Камала Харис сака уште една дебата, Трамп: Нема да има трета дебата
Демократската претседателска кандидатка Камала Харис изјави на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските сојузни држави клучна за исходот од ноемвриските избори, дека верува дека на гласачите им должи уште една дебата.
Неколку истражувања на јавното мислење покажаа дека Харис го надмина републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во првата претседателска дебата, пренесува Voice of America.
Трамп најави дека нема да учествува на друга претседателска дебата.
„Кога борец ќе загуби натпревар, првото нешто што го бара е реваншот. Анкетите јасно покажуваат дека во вторникот вечерта победив во дебатата против мојата пријателка Камала Харис – кандидатот на радикалната левица на демократите. Таа веднаш повика на нова дебата“, напиша поранешниот претседател на социјалната мрежа „Истина“, обвинувајќи ја актуелната администрација за лошата состојба во државата.
Тој посочи дека „трета дебата нема да има“.
Доналд Трамп денеска објави дека отфрла нова дебата против неговата демократска ривалка Камала Харис, во публикација на неговата платформа Truth Social.
„Нема да има трета дебата“, рече републиканскиот кандидат, иако имаше повици да се одржи уште една дебата за еден месец.