Македонија

Апсења за дрога, кражби, нелегално оружје – акциите на МВР во изминатиот ден

Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка. Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.04.2022 во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село. Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.04.2022 во 18.10 часот во казино на подрачјето на Драчево од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија е лишено од слобода едно лице од с.Палиград, скопско, затоа што при претрес во казиното, извршен со судска наредба од Основен кривичен суд, во просторија од казиното била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.04.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.Ј.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Бледски договор“ бил каснат од куче скитник.

На 21.04.2022 во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М.(34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце. Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 21.04.2022 во ОВР Кичево приведен е Б.Р.(63) од кичевското село Подвис. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка „Оразара“ калибар 16 мм и десет ловни патрони, што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.04.2022 во 14.10 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Серава“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 21.04.2022 година од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08 – надвор од населено место, 07 – во населено место).

На 21.04.2022 во 19.00 часот во Полициска станица Карпош, Д.П.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Багдадска“ бил каснат од куче скитник.

На почеток