(ФОТО) Блесна Плаошник во Охрид, се слави Христовото воскресение
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/04/0-02-05-f5a2ab0cdde424505eb5f428bb4fa9dc8e3c27b375375481fe84bc5333fc28cf_26e03db5372.jpg)
Илјадници верници веста за Христовото воскресение синоќа на полноќ ја дочекаа во Светиклиментовиот храм на Плаошник.
Покрај охриѓани имаше голем број домашни и странски гости. Сплотени со свеќи во рака и желби за подобро утре го прославија најголемиот христијански празник.
Инаку преполни со верници беа и сите градски цркви.
За продолжениот празничен викенд во древниот Охрид има голем број на гости од земјава и соседството.
Најголемиот православен празник, Велигден, кој ја слави победата на животот над смртта, од годинава продолжи да се чествува како што беше пред пандемијата.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)