Македонија

Однесувањето на СДСМ и Ковачевски, детско и недораснато за улогата која ја имаат, исто како што е целото нивно владеење, вели

„Шарлатанското однесување се гледа и по тоа што на блок се одбива секаква помош во сериозни времиња и сериозна криза за државата. Кога седнаа и кога го анализираа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да излезе непознато лице на говорница и го одбие предлогот на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ“, вели реакција на прес конференцијата на Мартин Костовски.

Тие:

„Жалиме што не ја препознаваат можноста да се разговара за најважните прашања за кои ВМРО-ДПМНЕ понуди и стручна помош и четири тима за 4 најзначајни области и договор за предвремени избори како природно решение за излез од националната катастрофа по која Македонија ја има се помалку.

СДСМ не ја интересира Македонија, СДСМ се заинтересирани само за задржување на владата па макар и целата земја да се распадне. Ковачевски покажува нула демократски капацитет, ниту способност да се справи со тешките состојби.

СДСМ со ваквото одбивање на дијалог ја турка државата кон уште поголема криза, за чии последици ќе биде одговорен само СДСМ и Ковачевски.

Ја повикуваме СДСМ, да ги тргнеме на страна тесните политички интереси и да се обидеме заедно, во овие тешки времиња да ѝ го испорачаме на Македонија и на граѓаните најдоброто. Потребен е излез од кризата. Нека не брзаат со брзи одговори. Ќе го почекаме Ковачевски да размисли убаво до 10-ти мај и сам да каже, ако не е подготвен да дебатира тогаш нека кажат адреса кој е одговорен во СДСМ да му се обратиме, Заев или Шекеринска сеедно, да донесеме паметна одлука за Македонија“.

На почеток