Македонија

(ФОТО) Мнозинство од граѓаните не веруваат дека Боки 13 и Катица направиле рекет

Анкета на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека 82 проценти од испитаниците не веруваат во реалноста на пресудата за случајот „Рекет“. Во тој предмет се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева. Анкетата е споделена на профилот на Бојан Јовановски кој има скоро 40 илјади следачи. Најголем дел од нив не се ниту негови поддржувачи, а тоа произлегува и од коментарите кои се споделувани на фотографиите кои ги има објавено. Ова би значело дека пристрасноста би била минимална или незначајна.

„Дали верувате во пресудата за ‘Рекет’?“ е прашањето, на кое, резултатите покажуваат дека 18 проценти веруваат, а 82 проценти не веруваат дека бил вршен рекет, иако судииите Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска го досудија тоа.

Не е за занемарување ниту фактот дека Боки 13 и Катица Јанева добиваат низа од позитивни коментари на социјалните мрежи. Поддршката не изостанува, иако, судот ги осуди истовремено со јавноста. Реткост е во јавноста, покрај пресуда со затворска казна, поединци да се охрабрат да кажат дека пресудата е нерелевантна и дека вистината е поинаква. Таква е случајот со „Рекет“, каде Боки 13 и Катица Јанева добија поддршка дека ги осудиле без да се докаже дека сториле нешто спротивно на закон.

На почеток