Македонија

Мицкоски целосно се изгуби, покажува немоќ и деструктивност, вели СДСМ

Христијан Мицкоски целосно се изгуби по објавата на црната листа на САД на којашто се најде неговиот шеф и ментор Никола Груевски, вели СДСМ

„Во време на најголема економска криза прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести.

Граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на Мицкоски.

СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата.

Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува.

Но, сето ова Мицкоски не го интересира, бидејќи наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижи за неговата политичка кариера.

Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат изгубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи“, се вели во соопштението.

На почеток