Актуелно

Македонски режисер победи на бугарскиот „Survivor“

Македонецот Зоран Петровски е победник на шестата сезона во бугарското шоу „Преживеан: Скриениот идол“.

Шоуто се емитуваше на bTV, а Зоран ја доби главната награда од 150.000 лева, пренесоа бугарските медиуми.

Македонскиот режисер е роден во Скопје но веќе 20 години живее во Бугарија.

„Чувството на победа е одлично. Ви благодарам на сите. На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев вистински од почеток до крај“, рече Зоран по победата.

Гласањето се одвиваше на Филипините, а водителот Владо Карамазов ја зема гласачката кутија од преживеаните и ја однесе во студиото од каде се емисијата се емитуваше во живо во Софија.

На почеток