Покрената кривична постапка за терористичкиот напад во кој беа уништени антените на радиодифузните центри во Придњестровје
Детонирањето на антените на придњестровските радиодифузни центри го извршила група од пет до 10 лица, јавија денеска придњестровските медиуми, повикувајќи се на изјавата на шефот на Одделот за криминалистика на Истражниот комитет на Русија, Александар Спилевој.
Според Шпилевој, во текот на ноќта на 26 април на локацијата пристигнале меѓу пет и 10 неидентификувани лица, а антените биле детонирани со противтенковски мини поврзани со жица за активирање, како и со пластични експлозивни материи, пренесува ТАСС.
Според Истражниот комитет, првата експлозија се случила во шест часот и 40 минути.
Од експлозијата е оштетен еден столб, кој се урнал и со себе го влечел останатиот дел од конструкцијата, а другата експлозија следела по 25 минути, се наведува во соопштението. Некои експлозивни направи не експлодирале, а истражителите на лице место заплениле 10 противтенковски мини и два килограми пластичен експлозив.
Покрената е кривична постапка за терористички напад, дело за кое се заканува казна затвор до 20 години, јавува руската агенција.