Свет

САД: Не и помагаме на Украина со намера да убиеме руски генерали

Американското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека дало разузнавачки информации за локациите на руските генерали на бојното поле во Украина за да можат украинските сили да ги убијат.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека е точно дека САД ги снабдуваат силите на Киев со воено разузнавање „за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја“, но исто така нагласи дека Украина „сама одлучува дали ќе таргетира руски генерал или не“.

„Не даваме разузнавачки информации за локацијата на високите воени лидери на бојното поле, ниту учествуваме во одлуките за пукање во украинската армија“, рече Кирби. „Украина ги комбинира информациите што ние и другите партнери ги даваме со разузнавачките податоци што ги собираат на бојното поле. Потоа тие сами донесуваат одлуки и преземаат свои акции“, рече тој.

Советот за национална безбедност на Белата куќа го осуди извештајот на Њујорк Тајмс како „неодговорен“. Имено, NYT вчера објави сторија во која тврди дека САД и помогнале на Украина во убиството на 12 високи руски генерали.

„САД обезбедуваат разузнавачки информации на бојното поле за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја“, изјави портпаролката на NSC, Адриен Вотсон. „Не даваме разузнавачки информации со намера да убиеме руски генерали.

На почеток