Изложба „Лексикографски факти во НУБ – од Пулевски до денес!“
Со презентација на речници, претставувајќи го лексикографскиот развој на македонската авторско-истражувачка и издавачка продукција, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје е отворена изложбата „Лексикографски факти во НУБ – од Пулевски до денес!“.
Изложбата ја отвори професор д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, која истакна дека Институтот се гордее со богатата продукција на научни книги во рамките на четири едиции: посебни изданија, стари текстови, Јазикот наш денешен и речници, кои, како што рече, се каталогизирани во нови во НУБ.
Поздравни обраќања на настанот имаа и проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ; д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ; проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Димитар Пандев, кои се осврнаа на создавањето и значајноста на речниците и говореа за своето учество во изработката на речници.