Заев да врати 1.4 милиони евра што му ги даде Љупчо Николовски преку МЗШВ, и 8-те милиони од Глобал, бара опозицијата
„Заев да врати 1.4 милиони евра што му ги даде Љупчо Николовски преку МЗШВ, и 8 те милиони од Глобал“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
„Овие 1.4 милиони евра што се дадени на фирмата Тргопродукт на Заеви се дадени во време кога Николовски ништо не прави да обезбеди пласман за македонските зњмјоделски производи, а егзистенцијата на земјоделецот е се потешка.
Зоран Заев да ја врати и концесијата за ископ на глина која си ја даде додека беше премиер на 30 години на семејната фирма Еленица.
Заев да ги врати парите кои ги испумпаа од државата изминативе 5 години.
Ковачевски беше заменик министер за финансии додека Заев испумпуваше пари како премиер.
Ковачевски е учесник и активен чинител во осиромашувањето на Македонија изминативе 5 години“.