Свет

ФОТО Институтот за војна ја објави најновата мапа и анализа на конфликтот во Украина

Институтот за војна објави нов извештај за состојбата на бојното поле во Украина.

„Украинската контраофанзива северно од градот Харков продолжи успешно да ги турка руските сили кон руско-украинската граница во текот на 10 мај. Украинските сили ослободија неколку градови северно од Харков“, според Институтот.

„Министерството за одбрана на Белорусија ги ескалира своите лажни тврдења за подготовките на САД и НАТО за напад врз Белорусија. Тие најавуваат почеток на втората фаза од воените вежби. Сепак, малку е веројатно дека Белорусија ќе се приклучи на војната во Украина“, се вели во извештајот.

„Белоруските вежби, кои се фокусираат на границите на Белорусија со Полска и балтичките земји, наместо со Украина, најверојатно ќе бидат првенствено демонстративни и ќе ја сигнализираат континуираната политичка поддршка на Белорусија за руската војна во Украина“, се додава.

На почеток