Македонија

Бектеши бара 900 милиони за да врати долгови на Владата во која ДУИ е скоро 20 години

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.

„Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследивме од претходните Влади“, рече Бектеши.

Тој додава дека дел од овие пари ќе бидат искористени за нови мерки, кои Владата ги подготвува со цел да им помогне на граѓаните и компаниите, а посебно на социјалните категории.

„Како што предвидовме, 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните“, порача Бектеши.

На почеток