Коментари

„Немаме за леб, трошиме за чоколадо“, јавни апели до Владата откако најавија ваучери за туризам среде пет кризи

Кристина Ампева, граѓански активист од „Гласен текстилец“ посочи дека Владата со најавата дека ќе има ваучери за туризам, остава простор таа, но и граѓаните, да кажат “Немаме за леб, трошиме за чоколадо”.

„Само што овој пат , другарчињата од влада забораваат дека од 2020 имаме корона криза, здравствена криза, економска криза, енергетска криза, воена криза. Нека продолжат со глупите мерки, стварно ќе се каат. Нека продолжат со задолжувања , па и овој народ малце да се освести кога ќе почне да снемуваат продукти а струјата нема да можеме да ја плаќаме. Преку глава му е на народот. Освестете се , владо и функционерчиња. Вака држава не се води. Ако не знаете, прашајте, не е срам. Срам е милион и пол луѓе кои едвај останавме да не’ носите во пропаст“, посочи Ампева

На почеток