Свет

Ликвидиран синот на едно од најимотните семејства во Сараево, уапсени две лица

Милош Остојиќ (30) е убиен вчера вечер во Сараево. Според неофицијални информации тој бил ранет пред клубот „Спарта“, но од здобиените повреди починал на местото на настанот.

„Полициските службеници превземаат оперативни истражни мерки и работат на расветлување на случајот и утврдување на идентитетот на лицето кое го извршила убиството“, велат од Минисстерството за внатрешни работи.

Две лица се уапсени во близина на Амбасадата на САД во Сараево.

Градоначалникот на општината Источно Ново Сараево, Љубиша Чосиќ апелираше надлежните институции што поскоро да го откријат убиецот и ваква трагедија да не се повтори.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток