Свет

Русија предупредува: „Провокативен чекор“

Русија се надева дека САД нема да испорачаат ракетни системи со долг дострел на Украина, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Оваа информација треба внимателно да се провери. Во моментов, нашата позиција ја базираме на изјавата на портпаролот на Пентагон Џон Кирби дека не е донесена конечна одлука за ова прашање. Се надеваме дека здравиот разум ќе надвладее“, рече Антонов во петокот преку Телеграмскиот канал на руската амбасада, тоа би бил „провокативен чекор“, пренесува ТАС С.

Русија постојано ги предупредува САД преку дипломатски канали дека „невидената поплава од оружје во Украина значително ги зголеми ризиците од ескалација на конфликтот“.

„Американците добро знаат дека нивните постапки ја одложуваат перспективата за мир. САД се повеќе се вовлечени во кризата во Украина, што може да има непредвидливи последици за глобалната безбедност“, рече амбасадорот Антонов.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека е запознаено со барањето на Украина за повеќе ракетни системи, но дека се уште не се донесени одлуки.

„Нашата цел од самиот почеток беше да се обидеме да им помогнеме во борбата во која се наоѓаат денес“, изјави за новинарите на брифингот портпаролот на Пентагон во заминување, Џон Кирби, пренесе Си-Ен-Ен.

На почеток