(ВИДЕО) Гиговска со нов спот, го снимаше во Галичник и Грција
Антониа Гиговска го промовираше својата нова песна и спот „Атлантида“. И овојпат музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а за текстот е на Тајзи.
“Драги мои, Атлантида, изгубениот град под вода, беше одлична метафора да се пее за она кое што сите го доживуваме во одреден период од животот. Дали некогаш сте биле во ситуација да се трудите многу околу некоја личност, но на крајот да се изгубите себеси? Или да сакате некоја личност која на крајот не возвратила на вашата љубов, па сте продолжиле понатаму многу посилни? Не дозволувајте да потонете, вели Гиговска.
Спотот за „Атлантида“, го режираше Томислав Живковиќ, а кадрите снимени во Грција, Скопје и Галичник.