Скопје

Ако ве касне куче ќе поминете низ оваа голгота, исплива страшно сведоштво на скопјанец

Твитер корисник ја објави својата голгота со примањето вакцини по каснување од куче-скитник додека возел велосипед. Како што вели тој, имал среќа што повредата не била голема, но му била искината кожа, што барало медицинска помош и следење на протоколите за добивање вакцини.

„Утрово ме касна куче додека возев точак, па да споделам искуства. Ме нападна на успонот Говрлево – Долно Соње. За среќа не е голема повредата, но сепак е искината кожата и мора да се истераат сите вакцини и протоколи. Кучето беше улично, дремеше во тревата покрај патот. Залаја друго куче од дворовите, и ова наеднаш рипна и ме нападна, одма проба да ме касне. Прво промаши, и се оддалечи. Си реков ок, си отиде. Тоа местело нишан, и вториот пат ме касна. После свикав, застанав, кучето избега. Проверив, нема големо крварење и може да се вратам сам. Се јавив на брза помош за консултација каде да одам за преглед/преврска.
Од брза помош беа одзивни, понудија возило ама објаснив дека сум функционален. Ме упатија во Св. Наум Охридски (стара Градска Болница). Во Св. Наум Охридски ме примија без проблем, почекав во ред и ме преврзаа, но немаа вакцини па ме пратија во 8ми септември на инфективно. Во 8ми Септември ме примија веднаш и ми дадоа тетанус, но немаа вакцини против беснило, па за тоа ме пратија на инфективна клиника во клинички центар. Во клинички центар огромна гужва, и најнапорен дел од процесот е да искомуницирам дека се работи за улично куче кое не го видов добро за да се вратам и да го најдам. Постои некој протокол по кој во првите 24 часа треба да одите да го барате кучето што ве каснало. Откако успеав да објаснам дека нема многу поента да се бара улично куче кое го погледав може 5 секунди на отворен пат на кој потоа поминав уште 10 улични кучиња, ми дадоа вакцина против беснило. Сега следат уште многу дози од вакцините, против беснило и тетанус. Уште еднаш ќе нагласам дека имав голема среќа што повредата е мала. По 10 години активно возење првпат ми се случува да ме касне куче. Во болниците генерално сите беа професионални и приемчиви (дури ми дозволија точакот да е покрај портирот за да не го украдат), единствен напор е што недостатокот на вакцини ве тера да направите круг низ цел град за да ви дадат терапија“, – сподели твитер-корисникот на денот кога беше каснат.

Иако се чинеше дека приказната е завршена, на денот кога требаше да ја прими четвртата доза од вакцината против беснило, твитер-корисникот сподели: нема вакцини.

„Денес требаше да ја примам четвртата доза на вакцина против беснило, по каснување од куче. Накратко, вакцини нема. Нема да ги коментирам ставовите на медицинските лица, само ќе ги цитирам. Најпрво да потенцирам дека претходните две вакцини беа многу професионално и ефикасно дадени, без одлагања и бирократија. Секако, откако првиот пат се убедив со лекарите дека барањето на кучето нема голема поента. Утрово во инфективна клиника сестрата ги прими моите документи и се пожали дека сеуште не им работи системот. По десетина минути прашав каде ќе ме вакцинираат, и ми кажа дека немаат вакцини, бараат. Друга сестра наводно излезе да бара вакцини, но по уште 15 минути повторно прашав и ми рекоа дека воопшто нема вакцини против беснило и дека сестрите чекаат доктор за да даде насоки. Додека јас чекам инфективната клиника се полни со пациенти и на сите им се кажува дека системот не работи и дека не можат да почнат со прегледи. По уште 10 минути дојде доктор и на сите се извини за доцнењето бидејќи немаат систем. ас повторно прашав и докторот одговори дека вакцини нема, но дека со три примени дози и серум сум сосема безбеден. Наводно по некој нов протокол кој се применувал во странство се давале три вакцини. Но треба да ми напишат извештај, а за тоа треба да проработи системот. Некаде кај 9:20 утрото системот “проработе” и ме повикаа да ми дадат извештај. Со извештајот објаснија дека не сум во ризик зошто куче во урбана средина не е претежен носител на беснило Исто ми објаснија дека вакцината и серумот чинат “едно мало богатство” – околу 1000 евра Ми дадоа упат за 8ми Септември, ако има вакцини против беснило да продолжам терапија
Не објаснија како се цени “мало богатство” спроти ризик по човечки живот и редовно плаќано здравствено осигурување. Ниту објаснија како болниците немаат увид во централен инвентар на лекови.

Велат дека во германскиот пекол е тешко, секој ден казнетите мора да јадат по една кофа со гомна. Велат дека во македонскиот пекол е супер, бидејќи или нема кофа или нема гомна“, вели тој.

На почеток