Свет

Русија: Нашата дипломатија се уште не ја совлада способноста за телепортација

Три соседни земји на Србија: Црна Гора, Бугарија и Македонија вчера го забранија прелетувањето на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска требаше да пристигне во Србија. Со затворањето на воздушниот простор, посетата на Лавров беше откажана.

Според српски „Блиц“, Лавров посетата на Белград би ја искористил за да им го турне прстот во око на западните сили, што дополнително би ја искомплицирало позицијата на Србија.

Иако сите укажуваат дека е откажана посетата на шефот на руската дипломатија, синоќа немаше официјална потврда.

Веста дека посетата е откажана синоќа ја пренесе агенцијата Ројтерс, која наведува дека претставниците на руската дипломатија дале необичен одговор на директното прашање за откажувањето поради воздушната блокада.

– Нашата дипломатија се уште не ја совладала способноста за телепортација – изјавил неименуван руски функционер и со тоа индиректно го потврдил откажувањето на посетата на рускиот функционер на Србија.

Лавров во Белград требаше да се сретне со претседателот Вучиќ, но и со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Македонија забрани авионот на Лавров да го користи воздушниот простор на земјата

На почеток