Вучиќ денес на средба со рускиот амбасадор во Србија
Од
Објавено на
Претседателот Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан-Карченко.
Средбата ќе се одржи во 10 часот, во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска требаше да пристигне во Србија. Тој во Белград требаше да се сретне со претседателот Вучиќ, но и со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Со затворањето на воздушниот простор, посетата на Лавров беше откажана.