Силен земјотрес во Улцињ
Среден земјотрес со епицентар на пет километри југоисточно од Улцињ е регистриран во Црна Гора утрово во 6.16 часот, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Магнитудата на земјотресот во епицентарот бил 4,1 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од V-VI на Меркалиевата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 12 километри.
Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во тој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, земјотресот можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.