Воен аналитичар: Путин наскоро би можел да предложи прекин на огнот, гневот расте во Кремљ
Филипс О’Брајан, аналитичар и професор по стратешки студии на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска верува дека Путин наскоро, во следните неколку дена, би можел да предложи прекин на огнот бидејќи неговите сили претрпуваат големи загуби.
„Тие едноставно немаат шанса брзо да напредуваат. Дури и ако Русите успеаја да ги пробијат одбранбените линии, не можеа да го искористат тоа за да добијат предност“, рече О’Брајан.
„Руските трупи не можат долго да учествуваат во војната“, рече тој. Тој додава дека борбената активност се намалува на бојното поле, додека гневот расте во Кремљ.
„Штом Путин ќе објави победа на Русија во Донбас, Москва ќе организира лажни референдуми за жителите на окупираните територии да ја изразат својата желба да се приклучат на Руската Федерација“, вели тој.
Но, како што вели, во сегашните околности Киев тешко дека ќе се согласи на прекин на огнот.
„Се додека Киев чувствува дека ја добива потребната поддршка, се додека Украинците можат да продолжат да ги зајакнуваат своите вооружени сили, мала е веројатноста да прифатат прекин на огнот“, рече О’Брајан.
„И со право, бидејќи на тој начин би изгубиле 20% од територијата на својата земја“, заклучува тој.