Поради бурата која ја зафати Босна и Херцеговина летот на авионот на Кроација ерлајнс од Загреб до Мостар е откажан. Исто така целосно е запрен сообраќајот на некои регионални патни правци во Херцеговина.
Од мостарскиот аеродром велат дека летот е откажан поради силната бура на територијата на мостар. Исто така оттаму додаваат дека е откажан и утрешниот лет на хрватскиот авио превозник.
Дополнителни проблеми на возачите на сообраќајниците во југозападните делови на Босна и Херцеговина предизвикува и силниот ветер кој создава снежни наноси.