Некои делови од автопатот А1 Заграб-Сплит-Плоче се затвореи поради бурата која ја зафати Хрватска.
Во некои делови силниот ветер направи големи материјални штети и истиот достигна брзина и до 160 километри на час.
Според метеоролозите средната брзина на ветрот била 115 километри на час.
Силниот ветер најголеми штети направи во Сплит.