Свет

Поради снежните наноси откажани летови во Босна и Херцеговина

Поради бурата која ја зафати Босна и Херцеговина летот на авионот на Кроација ерлајнс  од Загреб до Мостар е откажан. Исто така целосно е запрен сообраќајот на некои регионални патни правци во Херцеговина.

Од мостарскиот аеродром велат дека летот е откажан поради силната бура на територијата на мостар. Исто така оттаму додаваат дека е откажан и утрешниот лет на хрватскиот авио превозник.

Дополнителни проблеми на возачите на сообраќајниците во југозападните делови на Босна и Херцеговина предизвикува и силниот ветер кој создава снежни наноси.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток