„Немам опрема да се тркалам во таа кал“, Ана Николиќ и одговори на Милица Павловиќ
Пејачката Ана Николиќ како своја на настапите ја претстави песната „Проверено“, најголемиот хит од новиот албум на нејзината колешка Милица Павловиќ, за која претходно сними демо, што ја разочара младата музичка ѕвезда.
Имено, Милица и се обрати на Ана директно во емисијата „Амиџи шоу“, а коментарот на Николиќ не изостана.
– Што имам да и кажам во овој момент: Срам да ти е! До пред една недела го почитував ликот и делото на Ана Николиќ, ги сакав нејзините песни, како мала ја гледав Ана Николиќ и се замислував како ѕвезда. Го објави демо видеото на каналот на Јутјуб, како и официјалната песна на Ана Николиќ. Започнува изведбата „Да почнеме со мојата нова песна, ми фали уште една строфа да ја напишам“, толку е безобразно. Да ми се случеше да ми протече демо песна, ќе се извинев, ќе отидев да и купам друга песна, ќе речев „Еве ти песна, се случи, не е во ред“. Срам да ви е, сите мои колеги што молчат, бидејќи сите знаат колку е тешко да се дојде до песна денес, да се заработи. Никој не треба да ме брани, но ова е срам за музичката индустрија, ова никогаш не се случило – рече меѓу другото Милица, а потоа се огласи и Ана Николиќ.
– Навистина не сакам да учествувам во нешто што има 1% врска со мене, всушност имам 0% со тоа. За расплетот на приказната јавете се на Достоевски – изјави Ана Николиќ за Pink.rs, а потоа додаде:
– Кога излегоа демо песни три дена пред официјалното објавување на мојот албум, никој толку не се занимаваше со тоа. Како излегуваат снимките од студиото, треба да се праша музичкиот продуцент. И јас не се мешам во селски приказни, немам опрема да се валкам во таа кал. Немам ништо со тоа – изјавила пејачката.