Магазин

Сања Вучиќ ја осуди Ана Николиќ: „Го присвојува она што не е нејзино, создава непријатна ситуација“

Ана Николиќ и Милица Павловиќ неодамна жестоко се судрија за песната „Проверено“, а хаосот меѓу нив не стивнува.

Сега во целата приказна се приклучи и членката на музичката група „Huricane“, Сања Вучиќ. Сања истакнува дека не е во ред некој да присвојува нешто што не е негово и ја советува Ана да го остави овој скандал зад себе.

– Што се однесува до Милица, не можам да се ставам во нејзина кожа, секако размислував на таа тема. Не би сакала да се изразувам лаички, но ситуацијата е малку незгодна. Не е пријатно, како што чувствува Милица така треба и да реагира. Она што можам да го кажам со сигурност е – кој ја платил песната, тоа е негова песна, нема што повеќе да се каже. Тие работи се кристално јасни – заклучува пејачката за српски „Информер“.

На почеток