Магазин

Цеца ги избриша дуетите со Аца Лукас

Пејачот Аца Лукас речиси започна војна со најголемата српска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ откако од неа барал една работа која ќе го смени нивниот пријателски однос засекогаш.

Имено пејачот побарал од Цеца да ги тргне од нејзиниот Јутјуб канал сите дуети кои ги имаат заедно, а поради оваа одлука сега нивното пријателство е на голем тест.

-Менаџерот на Лукас испратил допис сите дуети кои ги имаат заедно да се тргнат од Јутјуб каналот на пејачката, објаснувајќи дека не е фер само Цеца да заработува пари од дуетите кои ги имаат заедно. Цеца веднаш по ова реши да ги избрише двата големи хитови „Црни снег“ и „Не заносим се ја“, открива извор близок до пејачката.

Тој додава дека Лукас не е фер, бидејќи тие се дружат повеќе од 20 години, а особено и е криво што наместо пејачот кој цело време молчел, дописот го испратил неговиот менаџер.

По ова се огласи и пејачот кој вели дека неговиот менаџер побарал од сите кои имаат дуети со пејачот да бидат избришани од каналот, но и дека тоа не се однесувало за Цеца.

-Вистина е дека се избришани песните со Цеца, но тоа е бидејќи менаџерот испратил допис до сите, но јас ќе се обидам да ги вратам заедничките наши песни, бидејќи Цеца е нешто посебно, вели Лукас.

Тој додава дека песните со Ивана Салаков се исто така избришани, бидејќи заработката ја земала само таа без да ја поделат сумата од заедничките дуети.

На почеток