Магазин

Милица Павловиќ ќе ја тужи Ана Николиќ

Големиот конфликт меѓу пејачките Милица Павловиќ и Ана Николиќ поради спорот за правото на сопственост за песната „Проверено“, на Драган Брајовиќ Браја, деновиве ја разбранува јавноста.

Сега Милица Павловиќ откри дека се ќе му предаде на судот и дека ќе поднесе тужба.

– Ова сега ќе оди во рацете на правните субјекти затоа што нема да го дозволам тоа. Ова е смешно, ова е шега. Се срамам да се објаснувам за мојата песна – изјави Милица.

– Демо верзијата се појави кога мојата песна стана хит. Тогаш Ана Николиќ се сети на демото. Се јавив на авторката, а таа не се јавува на телефон. Ова е криминал. Бидејќи ова не престанува, гледам дека објавија демо верзија на јутјуб каналот, ќе им ги препратам сите матрици од мојот нов албум бидејќи сите мои песни се хит, па еве Ана убаво пее, ми ги пее песните на настапи . Апсолутно не и е проблем на Ана да ја изведе песната „Проверено“ кога веќе ѝ се допаѓа толку многу, проблемот е што ја пее во демо верзија со некој друг текст – изјави Павловиќ.

– Видов дека некои луѓе од естрадата ја поддржуваат кражбата на Ана. Сите останати колеги молчат и гледаат на грубоста. Би ги прашалa сите што би направиле ако им украдат песна и кога се плашат од неа?“, вели Милица

На почеток