Бугарски медиуми: Поради скопјанка, Шакира го остави Пике


Поради девојка од Скопје, Шакира го оставила Пике, тврдат неколку бугарските медиуми. Како што пишува blitz.bg станува збор за моделот и блогерка Драгана Спасовска, која живее и работи во Дубаи, но засега оваа информација не е официјално потврдена.
Woman.bg открива дека Драгана, која е од потекло од Пловдив, го запознала Пике во Дубаи. Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година. Некои од медиумите објавија и заедничка фотографија, која брзо се рашири по социјалните мрежи.
Во шпанските медиуми со години се пишуваше дека на фудбалерот му се слабост убави жени и дека порано или подоцна тоа ќе му ја уништи врската со Шакира. Пред муабетите за Драгана, повеќето медиуми пренесоа дека Пике ја изневерил Шакира со бразилската манекенка Сузи Кортез, позната и како Мис Бум бум, односно девојка со најубав задник во Бразил.
