Актуелно

Украдено руското знаме од Конзулатот во Битола

Од битолскиот конзулат на Русија било украдено руското знаме, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според овие информации, кражбата во полицијата ја пријавила вработена во конзулатот.

„На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“, се преземаат мерки за расчистување на случајот“,се вели во соопштението на МВР.

На почеток