Македонија

Бектеши ја повика Данела на дебата

Граѓаните нема да ги оставиме на цедило поради неспособноста на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како што беа оставени изминатата зима од нејзе, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„За да им биде на сите појасно каква е состојбата со системот за снабдување со топлинска енергија и да се увиди кој е во право во целата ситуација ја повикувам госпоѓа Арсовска на соочување во телевизиска дебата, во кој медиум таа ќе одлучи“, вели Бектеши.

На почеток