Некатегоризирани

(Видео) Скопје доби елка на плоштад, дали и како Данела ја платила – не знаеме

На скопскиот плоштад веќе има елка, но не и тендер на Бирото за јавни набавки. Па така, не се знае дали и колку чини новогодишниот дух на Скопје. На подната фонтана има црвена платформа, а над неа се украсува божиќното дрво. Од страна куќички каде треба да има базар за десетина дена.

Изминативе денови беше забележително дека беше украсена и улицата на Рекорд. Таму ангажман имаа јавните претпријатија на Град Скопје чии работници ги поставуваа светилките. Прашавме во Град Скопје, колку пари ќе се платат, како е извршена набавката на реквизитите, кога ќе биде завршено украсувањето, но и дали ги чуваат ланските украси. На овие прашања, немаме, но и не очекуваме одговори. „Скопје1“ има десетици мејлови со новинарски прашања на кои нема никаков одговор, а се од јавен интерес – нешто што е нетипично за јавна институција.

Повеќе од јасно е дека минатата година, Данела Арсовска го украси Скопје без да распише тендер, а потоа јавно кажа дека ќе се платат 30.000 евра. Дали се парите платени и на кого – не се знае. Но, истовремено, беше отворен предмет од Финансиската полиција која одзема и документација. До сега, нема информација што се случува со оваа постапка.

Тогаш, Данела Арсовска заигра шах со Дедо Мраз, пишувајќи: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…“. Овој чин беше протолкуван како правење шеги на сметка на инспекторите.

На почеток