Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.
Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ - Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.
„Скопје1“ побара одговори од Град Скопје, зошто го разрешила Јосевски, кој е новиот кадровник Хусини, но и какво работно искуство има. Прашавме и која е поентата на честото менување на директори и колку ова штети на претпријатијата. Не добивме одговор.
Крајот на јануари, Данела Арсовска направи петта смена на директор во Комуналнa. Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“, а го поддржува ДУИ.
Во август минатата година, Арсовска назначи кадар на ДУИ и во „Паркови и зеленило“, каде за директор беше поставен Јетон Бучи, кој сака да се фотографира со сега избеганиот Артан Груби.
Вчера, заменик-градоначалникот Александар Трајановски се повлече од функцијата, а од Град Скопје излегоа со информација дека тој бил разрешен уште пред три месеци. Вакви случаи имаше и во минатото.
(Документ) И скопјани ја исмејуваат: Арсовска се пофали дека го разрешила, но директорот на Паркови сам се повлекол
Дел од директорите на јавните претпријатија кренаа раце од Данела Арсовска и поднесоа оставки, а градоначалничката, не признава порази, па реши да се пофали дека таа ги разрешила нив. „Скопје1“ преку извори во Град Скопје, дојде до изјавата за отповикување од функцијата на директорот во ЈП „Парови и зеленило“. Арсовска пак, јавно најави и казна за директорот, односно ревизија.Според изјавата, архивирана на 12.08.2024 година од Град Скопје, кога и „Скопје1“ објави дека Мартин Ангеловски ја напушт
Скопје | пред 1 година