Повторно сменет директорот на скопското Комунално претпријатие, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи. „Скопје1“ праша во Град Скопје, дали и зошто е направена петта промена на директор, но до овој момент не доби одговор.

Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.


Од споделувањата, јасно е дека се гордее со УЧК и командантот Талат Џафери.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.
„Скопје1“ праша во Град Скопје дали е точно и зошто е сменет директорот на Комуналното претпријатие во Скопје, што згрешил досегашниот директор Јетон Незири за да биде сменет, која е биографијата на Сабахудин Рустеми, како и кога е ангажиран. Со оглед дека изминатите месеци, немаме добиено одговор на ниту едно прашање – не очекуваме ниту сега.
Арсовска со четврта среќа во „Комунална хигиена“, пак промени директор - дел од вработените изненадени
Скопската градоначалничка Данела Аросвска по третпат разрешува директор на „Комунална хигиена“, дознава „Скопје1“. Одлуката е донесена денеска, велат наши извори од Град Скопје. Сега, претпријатието ќе си ја проба четвртата среќа. За нов според информации на „Скопје1“, назначен е извесен Јетон Незири.Непознато е која е причината за разрешувањето на Гоце Трајковски, кој Арсовска го назначи во октомври минатата година, откако се скара со Косана Мазнева-Николиќ, со која се на суд. Бидејќи Арсовска не комуницира со медиумите и јавноста, градот функционира како „приватна фирма“, не можеме да добиеме детали.Познато е дека Комунална хигиена има голем недостаток на кадар, па затоа беше тешко и чистењето на скопските улици. Граѓаните имаа жестоки реакции за задоцнетото собирање отпад, а комуналците во трка со времето пробуваа тоа да го поправат.Арсовска во изминатиот период двапати беше забележана на јавен настан. Но освен оставање букети, не чувме ниту збор што прави со Скопје, со оглед дека поплаките ги има во секој дел – од нечистотија до транспорт. Најголем дел од проектите од програмата „За модерно Скопје“ останаа само на хартија.Досега, со Комунална хигиена раководеа Зуди Енуз, кој беше од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, па сменет поради пукањето кај Мавровка од неговиот брат. Потоа, дојде Косана Мазнева-Николиќ, за која Арсовска имаше само пофални зборови, кои по кратко време станаа критики и обвинувања.Последен во низата беше Гоце Трајковски, кој денес е разрешен. Вработени во „Комунална хигиена“ сведочат дека во претпријатието се појавил и новиот директор, кој кажал дека е назначен од Арсовска. Во претрпијатието имало и изненадени, бидејќи никој не очекувал промена на Трајковски со оглед дека тој е назначен за директор со менаџерски договор.
Македонија | пред 1 година