Кадар на ДУИ е нов директор во „Паркови и зеленило“ по избор на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од пред два дена, Јетон Бучи го преземал кормилото на градското претпријатие, со градоначалнички потпис. Негова промоција не направи Град Скопје на социјалните мрежи, но направија членовите на ДУИ преку партиските профили.
„За директор на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’ е именуван Јетон Бучи“, пишува еден од профилите на ДУИ.
[caption id="attachment_299674" align="alignnone" width="696"]
Screenshot[/caption]
„Скопје1“ за врската меѓу Блерим Беџети и Арсовска постави и прашања до Град Скопје, но не добивме одговори. Таму прашавме, кој е договорот меѓу пратеникот на ДУИ, Беџети и скопската градоначалничка, но и зошто кадри на ДУИ ги добиваат директорските позиции во претпријатијата. Овие прашања ги поставивме ден пред Бучи да биде назначен за директор - но како и секогаш, не добивме одговор.
Професионалното портфолио на Бучи останува тајна за јавноста, бидејќи за него, до овој момент, од ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје, не е објавен ниту збор. Но, затоа, лесно достапно преку социјалните мрежи е дека Бучи сака да се фотографира со експратеникот на ДУИ, Артан Груби.
[caption id="attachment_299676" align="alignnone" width="678"]
Screenshot[/caption]
Интересно е што Арсовска се здружила со кадарникот на ДУИ, иако таа во кампањата за парламентарните избори посочуваше дека ќе го врати името Македонија и е против уставни измени, а токму Бучи се залагал за спротивното. На неговиот профил, не може да се најде ниту збор напишан на македонски јазик.
[caption id="attachment_299675" align="alignnone" width="676"]
Screenshot[/caption]
Претходниот директор на „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, крена раце од Арсовска и поднесе оставка.
Директорот на Паркови даде оставка, Арсовска доби повик до петок да се спакува: „Ќе и се случи народ!“
Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според наши информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и прави е да менува директори.Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие
Скопје | пред 1 година
За ова објави „Скопје1“, па неколку дена подоцна, Арсовска излезе со став дека таа го разрешила и дека немало оставка. Дека ова е неточно, повторно објави „Скопје1“, заедно со документот до кој дојдовме преку архивите на Град Скопје.
(Документ) И скопјани ја исмејуваат: Арсовска се пофали дека го разрешила, но директорот на Паркови сам се повлекол
Дел од директорите на јавните претпријатија кренаа раце од Данела Арсовска и поднесоа оставки, а градоначалничката, не признава порази, па реши да се пофали дека таа ги разрешила нив. „Скопје1“ преку извори во Град Скопје, дојде до изјавата за отповикување од функцијата на директорот во ЈП „Парови и зеленило“. Арсовска пак, јавно најави и казна за директорот, односно ревизија.Според изјавата, архивирана на 12.08.2024 година од Град Скопје, кога и „Скопје1“ објави дека Мартин Ангеловски ја напушт
Скопје | пред 1 година
Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.
БОНУС ВИДЕО - АРСОВСКА БЕГА!
На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски – па сега и е посакуван соговорник и во него гледа спас.
Вртикапа: На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски - па сега и е посакуван соговорник
Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, седна во престижната градоначалничка фотелја во Скопје. Од голема љубов и фалби, многу бргу пукна тиквата. Иницијална каписла беше проектот за изградба на пречистителната станица, тежок 160 милиони евра. Проектот не виде бел ден, но на површина изби нервозата и обвинувањата.Данела Арсовска од говорницата обвинуваше дека ги фатила „неговите директорчиња со рачињата во мед“, го повикуваше Мицкоски да не се крие, го нарекуваше шпицен градоначалник кој не
Скопје | пред 1 година