Скопје

МВР: Девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак“

Во текот на изминатиот ден (03.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 14 поради непоседување пропишана зимска опрема, и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток