Свет

Силен земјотрес во Јапонија, нема опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Во соопштението се наведува дека земјотресот бил во водите крај брегот недалеку од градот Суза и на длабочина од околу десет километри.

Агенцијата посочува дека нема опасност од цунами.

Нема извештаи за жртви или материјална штета од земјотресот.

На почеток