Свет

НАТО предупредува: Конфликтот во Украина може да трае со години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека конфликтот во Украина може да трае со години.

Столтенберг рече дека испораката на врвно оружје за украинските војници може да ги зголеми шансите за враќање на контролата врз регионот на Донбас.

– Мора да се подготвиме за фактот дека конфликтот може да трае со години. Не смееме да попуштиме да ја поддржиме Украина, и покрај високата цена, не само на воената поддршка, туку и на зголемените трошоци за храна и енергија, изјави Столтенберг за Билд ам Зонтаг.

Тој рече дека очекува испраќањето на помодерно оружје во Украина да биде договорено на самитот во Мадрид на крајот на месецот.

To Top