Актуелно

„Францускиот предлог за Македонија е исклучително добар за Бугарија“, вели Иванов

Францускиот предлог за Република Северна Македонија (РСМ) е исклучително добар затоа што ги адресира сите очекувања на Бугарија.

Ова во емисијата „Разбуди се“ на бугарска Нова ТВ го изјави Христо Иванов, копретседател на „Демократска Бугарија“ (ДБ).

„Францускиот предлог за Република Северна Македонија е исклучително добар за Бугарија“, рече Иванов, додавајќи дека „би било национално предавство доколку не го разгледаме предлогот поради внатрешно политички скандали“.

Според него, предлогот е многу добар за Бугарија бидејќи ги адресира, решава и ги исполнува сите наивниочекувања.

„Така, на најважната тема – промената на уставот, Северна Македонија мора да се обврзе пред Европската унија да го смени Уставот и да ги регистрира Бугарите како еден од народите што ја изградиле државата, а ако тоа не го направи, нема да има преговори“.

Според Иванов, во документите се користат термините „малцинства“ и „заедници“. Тој ја опиша тезата на Слави Трифонов како „апсолутна национална неодговорност“.

„Со овој документ се решаваат сите прашања што ги побара Бугарија“, коментира Иванов.

Тој потсети дека Советот за национална безбедност под претседателот Румен Радев се согласил дека Бугарија сака Северна Македонија и Албанија да започнат разговори.

На почеток