Свет

Одекнуваат експлозии во Киев, се слушаат сирени: На граѓаните им порачаа да останат во засолништата

Експлозии одекнаа во Киев за време на предупредувањето за воздушен напад издадено во раните утрински часови во четвртокот, 5 септември.

Укринформ пренесува дека ова го соопшти воената управа на градот Киев.

„Продолжува тревогата за воздушен напад! ПВО е активна во главниот град. Останете во засолништа додека не заврши тревогата“, напиша на Телеграм Серхиј Попко, шеф на таа администрација.

На истата социјална мрежа се огласи и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

„Во градот се активирани силите за воздушна одбрана. Останете во засолништата! Тревогата за воздушен напад во главниот град траеше цела ноќ“, рече Кличко.

Да потсетиме, Русија во претходните денови ги засили нападите врз Украина, во кои имаше голем број жртви. Само во нападот на Полтава загинаа најмалку 50 лица, додека во нападот на Лавов загинаа најмалку седум.

На почеток