Украина не планира да отстапи територии на Русија, вели Кличко
Украина не планира да отстапи територии на Русија. Ваков став изнесе градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Според него, давањето територии, не е компромис. Кличко изјави дека руската јавност на крајот ќе сфати дека, како што кажа, нивните млади војници гинат за ништо друго освен за амбициите на рускиот претседател Владимир Путин. Поранешниот боксерски шампион ова го изјави за Би-би-си за време на погребот на познатиот антикорупционер Роман Ратушни (24), кој е убиен во Изум, во областа Харков на 9 јуни.
Војната во Украина почна пред 116 дена. Руските сили продолжуваат да распоредуваат дополнителни сили за поддршка на офанзивните операции во областа Северодонецк-Лисичанск, а одбраната на Украина и понатаму е силна, според Британскиот институт за војна.