(ВИДЕО) Протест во Лондон: „Стоп за војната, а не за социјална помош“
Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Лондон на протест поради зголемените трошоци за живот во Велика Британија.
Демонстрантите побараа од властите да направат повеќе за да им помогнат на луѓето кои се соочуваат со зголемени сметки за основни услуги и други трошоци кои растат многу побрзо од нивните приходи.
Меѓу говорниците кои им се обратија на насобраните демонстранти беше и Френсис О’Грејди, генерален секретар на британскиот Конгрес на синдикати (TUC), организатор на протестот, објави Гардијан.
TUC рече дека има јасни докази за последиците од кризата што ги чувствуваат британските семејства, како и дека работниците ги имале „најдолгите и најтешките“ „приходни проблеми во поновата историја на таа земја“.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Стоп за војната, а не за социјална помош“.
Демонстрантите извикуваа навредливи зборови додека минуваа низ Даунинг стрит.
Инфлацијата во Велика Британија и остатокот од Европа е во пораст бидејќи залихите на енергија и храна се намалени поради конфликтот во Украина, а цените се зголемија пред почетокот на конфликтот поради ефектите од пандемијата на корона вирусот.
Protest about the governments handling of the cost of living crisis underway in central Londonpic.twitter.com/cOLOMopLxa
— BNN 🇬🇧 Newsroom (@BNNUK) June 18, 2022